ТЕРА

REKLAMA???

СЕ ОДБЕЛЕЖУВА СВЕТСКИОТ ДЕН НА ТЕАТАРОТ

Театарски директор, едукатор, автор, основач и уметнички директор на театарската компанија Атис, инспиратор на театарската олимпијада и претседател на Меѓународниот комитет на театарската олимпијада. Tеодорос Терзопулос, меѓународно признат театарски режисер, е роден во 1945 година во селото Макригијалос, во областа Пиерија во Северна Грција.

Елементи на екстремна физикалност и ритуал се дел од неговата оригиналност во препородот на античката драма во светот, академската категоризација го вредува во врвните „за старогрчката трагедија, но и хетерогени поетски текстови.“

Терзопулос има замислено и воспостави уникатен актерски метод кој се состои од низа физички и вокални вежби насочени кон негување на основите на актерската практика.

„Може ли театарот да го слушне SOS повикот што го испраќа нашето време, во овој свет на осиромашени граѓани, заклучени во ќелиите на виртуелната реалност, вкоренети во нивната загушлива приватност? Во светот на роботизирани егзистенции во рамките на тоталитарен систем на контрола и репресија низ спектарот на животот? –  вели Tеодорос Терзопулос на почетокот на светската порака по повод светскиот ден на театарот.

Секоја година на овој ден низ пораките кои ја отсликуваат културата на мирот се одбележува светскиот ден на театарот , со намера да се подвлече важноста на театарот , неговата уметничка форма, уметноста генерално. Светскиот ден овозможува промоција на театарот и неговата работа и им принесува на политичарите аргументи кон поддршка на се што театарската уметничка форма понудува на својата публика, публиката генерално.

Во светската порака за Денот на театарот ги потенцира глобалните, светските моменти – еколошките проблеми, обликувањето на човекот во 21 век и моќните ентитети: политиката и медиумите. Констатира, па прашува дали театрите може да понудат зраци светлина врз векот што го разбира како општествена траумаа, за да дојде до заклучокот дека театарот е медиум кој постои заради неодговорени прашања. Завршува со препораката дека нам, граѓаните на светот, а не само театарските работници, уметници, ни требаат нови наративи насочени кон „култивирање на сеќавањето и обликување нова морална и политичка одговорност.“

И за Емил Рубен, македонски актер, автор на македонската порака за Денот на театарот реалноста и театарот во 21 век кај нас, како и за Терзопулос, е дел од новиот среден век. Тој нуди многу веројатни, можеби реални слики што го допираат човечкото достоинство  и прашува дали е театар или живот. Сликите: за часовникот што СЕУШТЕ не е поправен, за момчето што ГО БРАНИ цветот, но ЈА НАПАЃА пеперутката, и за човекот кој во малата депонија го БАКНУВА ЛЕБОТ и внимателно го става во својата торба.

Па порачува:

„Театарот е сон, театарот е живот. Театарот чува, чисти, лета, сонува, не’ разбудува. Сакајте го театарот, сакајте го животот! “

Вечерва во Народниот театар од Битола ќе се одигра претставата „Ѓоре Магаревски – 80 години потоа“ и целиот приход од продадените влезници ќе го донира за семејствата на настраданите и повредените од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Ќе бидат прочитани и пораките по повод Денот на театарот, светската ќе ја прочита Ана Грамосли, а македонската Никола Стефанов.