ТЕРА

REKLAMA???

СЕ ОДЛАГААТ НАСТАНИТЕ ЗА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ 80 ГОДИНИ НА НУУБ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ БИТОЛА

Од НУУБ „Св.Климент Охридски” – Битола информираат дека сите предвидени настани по повод одбележувањето на 80-годишниот јубилеј на НУУБ „Св. Климент Охридски” – Битола се одлагаат, поради трагичната несреќа што се случи во Кочани.

Ова се однесува на следните настани:

17 март (понеделник)

Панел-дискусија на тема: „Библиотеката – срце на заедницата: 80 години култура, знаење и иновации”, во Офицерски дом – Europe House Bitola, со почеток во 12:00 часот.

Промоција на книгата „Факсимили на роднокрајни автори”, членови на ДПМ, и претставување на каталогот посветен на Горан Стефановски, во Читалната „Горан Стефановски”, со почеток во 18:00 часот.

18 март (вторник)

Доделување на награди во 12:00 часот, во знак на признание за: најпосветените читатели, најдобрите библиотечни приказни, роднокрајните автори, како и благодарници за поранешните вработени.

Промоција на книгата „Епски ехо: Поезијата на меморијата на слободата” од авторот Игор Трајковски – Фоја, во просториите на Библиотеката, со почеток во 18:00 часот.

20 март (четврток)

Поетскиот настан „Стихови што обединуваат”, посветен на Светскиот ден на поезијата, кој требаше да се одржи во Читалната „Горан Стефановски”, со почеток во 18:00 часот, во соработка со Македонското научно друштво.

„За новите термини ќе бидете навремено известени. Во оваа тешка и болна состојба, изразуваме длабоко сочувство и солидарност со семејствата, роднините и блиските на настраданите“ велат од библиотеката.