На свеченото отворање присуствуваше и градоначалникот на Битола Тони Коњановски. Селектор на овој филмски фестивал е Тони Гламчевски, новинар од Франција кој со својата сопруга Блондин, таму организира свој фестивал и за оваа прва година направи е избор на 11 филмови, од кои 6 се долгометражни.
Селектираните филмови опфаќаат широк лак на интереси од културолошка тематика, како и социјална антропологија од повеќе континенти.
„Мисијата на овој Интернационален етнографски филмски фестивал е да ги охрабрува истражувачките и создавачки пристапи во етнографските филмови, да ја едуцира публиката за богатството и разновидноста на локалните културни традиции, но и да го буди гласот на совеста кај проблемите на современите општества предизвикани од недоволната грижа за културното наследство“, истакна Гламчевски.
„Од корените…до цветот“ е годинешниот слоган на фестивалот кој значи лето во Битола, значи носење на светскиот фолклор на улиците и сцените низ нашиот убав град, значи и поздрав и со нашите македонски игри и песни, обичаи, значи почит кон традицијата и поглед вперен кон тоа како традицијата ни дава сила за иднината, како и коренот што дава надеж за цветот.
Селектор долги години кој стои зад комплетната програма и организација на фестивалот е Валентин Соклевски.
На првиот ден на фестивалот беше прикажан филмот “Како ирвас под небесниот свод”, документарен филм од Марку Лемускалио од Финска. На фестивалот ќе се прикажат филмовите: „Гладниот Лазаро“, „Молокани“, „Љубови“, „Тајната на лагуните – фрагменти од Андите“, „Светот на Ти Каф“, ЈВОБТИК – Нашата музика, „Големата Литанија“,„Мал звук – Музика што цвета“, „Мал звук – Музика што цвета“.
Фестивалот на етнографски филмови ќе трае до 23 јули, – сабота.
Со најобемна програма досега, ќе следуваат и работилници, изложби и стручен симпозиум кои ќе бидат убав вовед во фестивалските вечери, кои повторно со големото дефиле по улиците на Битола стартуваат на 26 и ќе завршат на 30 јули, испланирани се до детал сите фестивалски денови кои на едно место ќе соберат над 1.000 учесници.












