ТЕРА

REKLAMA???

СЕ ОЧЕКУВА ДА СЕ ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА ЗАБОЛЕНИ ОД КАРЦИНОМ НА ЦРНИОТ ДРОБ

Светскиот ден на Хепатитот, 28 јули, Хепар центарот го одбележува со активности во Битола и низ цела држава. Годинава, акцентот е ставен на црнодробниот карцином бидејќи бројот на луѓе инфицирани со хепатит Б и Ц се зголемува, особено после ковид кризата.

„Се очекува во наредните 2-3 години да имаме зголемен број на карцином на црниот дроб, затоа апелираме министерството побрзо да ја постави терапијата за хепатит Б на позитивна листа, додека за хепатит Ц сакаме да се заблагодариме затоа што основните буџети на Инфективна и гастроетериохепатологија сега се редовни буџети“, вели Милан Мишковиќ, Хепар Центар Битола.

Во светот дневно има по 3000 смртни случаи како резултат на хепатитот. Кај нас бројот на заразени е 1%, но според Мишковиќ тој е поголем, наместо 20.000, 30.000 пациенти со хепатитис.

Продолжуваат нивните активности со скринингот, а сите донации се надеваат дека до октомври ќе се отворат, а црнодробниот центар ќе дава огромни можности пациентите да добијат рана дијагностика за побрзо да се третираат. Мишковиќ вели дека во светот постои загриженост заради зголемување на лицата со хепатитис Д.