Првиот брод со жито би можел денеска да ја напушти Украина, најави вчера на прес-конференција заменик генералниот секретар на Обединетите нации за хуманитарни прашања Мартин Грифитс.
Грифитс во изјава за медиумите истакна и дека бродовите со жито на пристаништето во Одеса се подготвени за тргнување.
На 22 јули, претставниците на Русија, Украина, Турција и ОН потпишаа договори за извоз на украинско жито и за укинување на ограничувањата за извоз на руски производи.












