Денес се празнува успението на Св.Ана, мајката на Пресвета Богородица. Св. Ана беше од коленото Левиево, ќерка на Матан свештеникот. По долг и богоугоден живот се упокои во длабока старост.

Православните верници од Битола и пошироко на овој празник масовно го посетуваат манастирот над Маловишта кој е посветен на оваа светителка, како и параклисот во битолската населба Бадембалари.











