ТЕРА

REKLAMA???

СЕ СЛАВИ ВОСКРЕСЕНИЕТО ХРИСТОВО-ВЕЛИГДЕН

Христос воскресна, навистина воскресна! Со овој поздрав, Велигден си го честитаат православните верници.

Вечерва храмовите на Македонската православна црква се полни. Така е и во Битола во Соборниот храм „Св.Великомаченик Димитриј“, каде е објавена веста за Христовото воскресение.

Според евангелието, Исус воскреснал од мртвите третиот ден по распнувањето на крстот.

На Велигден ја славиме победата над смртта.

Црвената боја, во која се вапцуваат велигденските јајца, ја претставува божјата сила и моќ, а воедно ја симболизира и Христовата крв, која Исус ја пролеал на крстот за спасение на сите луѓе на земјава. Бојата на јајцето не потсетува и на крвта Христова и на спасението.