Нови безбедносни ленти се поставени на дел од улицата Никола Тесла во Битола кои предупредуваат на опасност за минувачите, пешаци и возила.

По уривање на дел од предната фасада, кај една од запуштените куќи на ул. Никола Тесла деновиве падна и покривната конструкција.
Голема е опасноста од паѓање на делови до нејзино комплетно уривање и предизвикување проблем во нормалното одвивање на сообраќајот.

Од тоа што неформално се дознава, куќата има приватен сопственик. Надлежност и ингеренции за состојбата во која се наоѓа овој објект има општинската Комунална инспекција којашто може на сопствениците со решение да им наложи да ја санираат состојбата или да ја урнат куќата.












