ТЕРА

REKLAMA???

СЕ УШТЕ НЕ СЕ ЗНАЕ КОИ ОПШТИНСКИ ПРОЕКТИ ЌЕ ДОБИЈАТ ЗЕЛЕНО СВЕТЛО

„Изминативе 100 дена бевме посветени на секој граѓанин и секоја општина, инвестирани се над 1 милијарда денари во речиси 200 различни инфраструктурни проекти во сите осум плански региони низ земјава. Реконструкција и изградба на патишта, адаптација и реконструкција на објекти во енергетско ефикасни згради, реконструкција на објекти од областа на образованието и социјалната и здравствена заштита, подобрување на инфраструктурата на туристичко – излетнички места, се само дел од проектните стратегии кои ги имплементиравме за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните“, истакна министерот за локална самоуправа, Златко Перински, на денешната презентација на активностите и проектите од неговиот ресор во изминативе 100 дена од новата Влада.

Тој посочи дека уште првиот ден откако стапил на функцијата, настапил со силна посветеност, голем елан и искрена желба за подобрување на функционирањето на системот на локалната самоуправа, на секој регион, секоја општина, за подобрување на квалитетот на живот на секој еден граѓанин.

Деновиве, посочи Перински, се очекува ресорните министерства да ги достават подготвените извештаи со предлог проекти за финансирање до Владата и истите да бидат предмет на разгледување на некоја од следните владини седници на која ќе се донесе одлука кои проекти ќе се финансираат со предвидените 100 милиони евра од државниот буџет наменети за оваа година.

Како што е познато Општина Битола поднесе 16 апликации. Ја прашавме општината со какви проекти аплицирала и колку од нив се за урбаната, а колку и кои се за руралните средини, одговор не добивме.