ТЕРА

REKLAMA???

СЕ УШТЕ ТРАЕ БЛОКАДАТА НА РТС ВО БЕЛГРАД

Со асистенција на српската полиција и на жандармеријата во опрема за разбивање демонстрации, вработени во РТС  беа спроведени да влезат во зградата на медиумот во центарот на Белград, јави дописникот на МИА од Белград.

При акцијата на полицијата беа истуркани студентите во блокада кои не дозволуваат влегување во РТС од понеделникот навечер.

Студентите трет ден по ред ги блокираат зградите на РТС на улицата Таковска во центарот на Белград и на Кошутњак. Тие најавија блокада до понатамошно известување, односно до објавување на нов конкурс за РЕМ или до затворање на РТС.

Државната телевизија синоќа не го емитуваше Третиот дневник туку објави реприза на Вториот дневник, објавија студентите во блокада.