ТЕРА

REKLAMA???

СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ГИ ПОГОДИ АВГАНИСТАН И ПАКИСТАН

Најмалку девет лица загинаа во земјотресот со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала што вчера го погоди Авганистан и Пакистан, пишува Радио Слободна Европа.

Над 100 луѓе се хоспитализирани, рече портпаролот на пакистанската служба за брза помош. Најмалку 19 куќи се урнале во оддалечените области. Сè уште се проценуваат штетите.

Портпаролот на талибанската влада во Авганистан, на Твитер напиша дека Министерството за јавно здравје на земјата наредило здравствените центри да бидат во подготвеност.

Земјотресот беше почувствуван и во главниот град на Индија, Њу Делхи.