ТЕРА

REKLAMA???

СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ОД 6,5 СТЕПЕНИ ГО ПОГОДИ АВГАНИСТАН

Земјотрес со интензитет од 6,5 степени го погоди денеска западен Авганистан, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Епицентарот бил на 36 километри северно од градот Херат, каде живеат околу 272 илјади луѓе.

Длабочината на земјотресот е десет километри. Засега нема информации за жртви или штети, додаваат од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Потоа е регистриран уште еден силен потрес со јачина од 5,6 степени.

Пред неколку дена Авганистан беше погоден од силен земјотрес со јачина до 6,3 степени во кој што повеќе од 2.000 загинаа.