ТЕРА

REKLAMA???

СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ОД 7 СТЕПЕНИ НА ФИЛИПИНИТЕ

Најмалку две лица загинаа, а десетици се повредени денеска во силниот земјотрес на северот на Филипините, каде што потресот предизвика мали лизгања на земјиштето и оштети згради.

Земјотресот со сила од 7 степени според Рихтеровата скала ја погоди провинцијата Абра во планинската област, соопшти Институтот за вулканологија и сеизмологија.

Едно лице почина во својата куќа во Абра, каде што најмалку 25 лица се повредени и се пренесени во болница. Градежен работник загина во урнатините во планинскиот град Ла Тринидад во провинцијата Бенге, каде што одроните на камења блокираа неколку патишта.

Земјотресот е предизвикан од движење во раседот на тектонски плочи на длабочина од 25 километри, соопшти институтот, додавајќи дека се очекуваат нови последователни потреси.