Силен земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала го погоди центарот на Мјанмар, соопшти Американскиот геолошки институт. Епицентарот бил на 16 километри северозападно од градот Сагаинг, на длабочина од 10 километри. Силниот земјотрес меѓу другото го погоди и главниот град на Тајланд Бангкок.
Вториот земјотрес, дванаесет минути подоцна се вели дека бил со јачина од 6,4 степени.
Најмалку едно лице загина, а 50 други се повредени откако висококатница во изградба се урна во Бангкок по силниот земјотрес што во петокот го погоди соседен Мјанмар, соопштија тајландските власти.
Премиерката на Тајланд Паетонгтарн Шинаватра го прогласи главниот град Бангкок за „вонредна зона“ по силниот земјотрес што го погоди соседен Мјанмар.












