ТЕРА

REKLAMA???

СНЕЖНИ ВРНЕЖИ ВО ДЕЛОВИ ОД ЕВРОПА

Во Германија врнежите од снег викендов предизвикаа сообраќаен хаос, јави Еуроњуз. На западот од земјата паднаа повеќе од 20 сантиметри снег, поради што некои автопати беа блокирани неколку часа.

Полицијата во саботата наутро пријавила околу 500 интервенции и стотина сообраќајни незгоди, во кои осум лица се полесно повредени.

И во Хрватска сообраќајот беше во прекин поради снег. Патиштата и деловите од автопатите, како оној што ја поврзува Риека со Загреб, мораа да бидат затворени. Во некои делови од земјата паднаа и до 30 сантиметри.

Обилниот снег предизвика прекин на електричната енергија и бројни сообраќајни несреќи во саботата и во Чешка, Полска и Словачка.