ТЕРА

REKLAMA???

СНЕЖНО НЕВРЕМЕ ВО ДЕЛОВИ ОД ХРВАТСКА

Во Хрватска на повисоките места регистрирани се пообилни врнежи од снег. На врвот Завижан утрово се измерени 40 см снежна покривка.

Во општината Равна Гора во регионот на Горски Котар има снежна бура и веќе е формирана снежна покривка од неколку сантиметри.

Снег врне на Лика, Медведница и Горски Котар. Инаку денеска во речиси цела Хрватска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Снег на планините, а повремен дожд и снег можна е и во низините на западот од земјата. 

Силен снег паѓа и на магистралниот пат кај Равна Гора, па се бара зимска опрема и дополнителна внимателност.