ТЕРА

REKLAMA???

СОБИР НА ГРАЃАНИ ВО ВРАЧАР, ОДДАДОА ПОЧИТ НА УБИЕНИТЕ

Неколку стотици граѓани синоќа се собраа пред основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар каде беа убиени осум ученици и еден чувар. А на Цветниот плоштад, кој се наоѓа во близина на тоа училиште, се собраа неколку илјади луѓе.

Пеш се упатија кон министерството за образование и бараа оставки

Француското Министерство за надворешни работи соопшти дека меѓу жртвите во вчерашното пукање во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград има ученичка од француска националност, јави дописникот на МИА од Белград.

Синдикатот на просветните работници на Србија соопшти дека сите нивни членови кои работат во училиштата ќе престанат со работа в петок, на 5 мај, поради нападот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, каде беа убиени осум ученици и еден чувар, јави дописникот на МИА од Белград.

Ова е најтешкиот ден во современата историја на Србија, тага што не се памети, мора да ги бараме причините, одговорноста и решенијата ова да не се повтори, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ на вонредната прес-конференција по повод убиството што се случи во ОУ „Владислав Рибникар“ во центарот на Белград, кога ученик со неполни 14 години пукал во учениците и обезбедувањето, уби девет лица, осум деца и припадник на обезбедувањето, рани седум лица, од кои шест деца и еден учител, јави дописникот на МИА од Белград.

– Мора да ги менуваме нашите вредности и однесувањето, ова е прашање на нашиот опстанок, мораме да се менуваме и да ги признаеме грешките, кажа Вучиќ.

Момчето кое е осомничено дека пукало во основното училиште „Владислав Рибникар“ ќе биде сместено во психијатриска клиника, тој не покажал каење за делото, уапсен е таткото како сопственик на оружјето, а приведена е и мајката, изјави претседателот на Србија.

Како што кажа, пронајдени се 57 чаури и шест куршуми, односно четири рамки со по 18 куршуми, и додаде дека таткото на напаѓачот е почесен член на стрелиште.

Тој предложи да се воведе мораториум за чување и носење оружје во наредните две години, освен за ловечко оружје. Потоа, да се изврши ревизија на сите издадени дозволи и да се контролира начинот на кој лицата го чуваат оружјето.

Вучиќ предложи и да се изврши контрола на сите стрелишта во Србија и дали малолетниците имаат пристап до нив и предложи кривична одговорност за сите кои дозволуваат малолетници да дојдат во контакт со огнено оружје.

Вучиќ изјави дека како претседател и предлага на Владата да размисли за намалување на кривичната одговорност на малолетниците од 14 на 12 години, што, како што наведе, ќе биде нешто за што ќе се „кршат копја“.