Одморот на советниците завршува и тие се враќаат на ангажманите во Советот на Општина Битола. Веќе е закажана следната седница за в понеделник на 26 август.
Прва точка на дневниот ред е заклучок за констатирање на престанок на мандатот на советничката Ненси Лозанче од ВМРО ДПМНЕ, а на нејзино место доаѓа следната од листата на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата. Таа е од редовите на ВМРО ДПМНЕ.
Лозанче откако беше именувана за в.д. директорка на Клиничката болница-Битола ја поднесе оставката на функцијата советник во Советот на Општина Битола, заради неспоивоста на функциите.












