На денешната седница на Совет, советниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова на Македонијна“ дојдоа со бели маици на кои беше исцртано во срце Македонското знаме и на кои пишуваше „Идентитет“. Пред почетокот на седницата координаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ Бојан Бојкоски на социјалните мрежи напиша.

„ ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција ,,Обнова на Македонија” на 15 седница на Советот на Општина Битола кажа НЕ на Предлогот на француското претседателство со ЕУ. НЕ – на обидот за асимилација и бугаризација на Македонците! НЕ – за македонскиот јазик како дијалект на бугарскиот јазик! Ултиматум – НЕ, благодарам!“, напиша Бојковски

Пред да почне распрата по точките од дневен ред координаторот на советничката група на СДСМ Методија Илиевски побара Советот да не биде злоупотребен за теми кој не го засегале Советот на Општина
„Пред почетокот на самата седница ја повикав претседателката на Совет Габриела Илиевска да имаме координација со сите советнички групи и јавно побарав Советот сега, денес и во иднина да не биде злоупотребен за теми кој не го засегаат Советот на Општина БитолаОчигледно колегите од ВМРО ДПМНЕ тука се со некои нивни симболи со кои сакаат да испратат некои пораки“, рече Методија Илиевски, советник од СДСМ.

Во овај момент јас не гледам дека има злоупотреба на Советет, му одговори претседателката на Совет.
„Не ви го разбирам барањето. Во Советот не се дозволени партиски ознаки. Во овај момент јас не гледам дека некој го злоупотребил тоа. Ние живееме во демократско општество и секое загрозување на тоа демократско однесување на граѓаните се смета за цензура, така што сметам дека процедурата во ниеден момент не е нарушена и секакао доколку некој ја злоупотреби говорницата за било какви прашања кои што се надвор од советот, секако дека ќе му биде одземен зборот“, рече претседателката на Совет Габриела Илиевска.
Пауза не беше дадена расправата продолжи со предвидените точки од дневниот ред.
—












