Синоќа во Битола се одржа премиерата на театарската претсатва „Црно Семе“ во режија на Андреј Цветановски. Освен култниот текст, Цветановски и ансамблот на битолскиот Народен Театар успеаја од заборав да извлечат приказна која гласно и јасно зборува за македонскиот индивидуален и колективен пат кон сопствено осознавање и заштита.
Солзи, па овации. Ова е најкусиот опис на тоа што денеска, ден по премиерата на „Црно Семе“ на режисерот Андреј Цветановски во изведба на добро избран актерски тим од битолскиот Народен Театар доминира во извештаите на новинарите од сите медиуми во државава. Режисерската идеја и актерската игра ги раздвижи сите емоции кај публиката.
Ташко Георгиевски овој роман го објавил во 1966 година. Во македонската книжевна антологија важи за добар раскажувач, а потекнувајќи од воденско во некогаш Егејска Македонија, доживувајќи го прогонот од Граѓанската војна од Грција, пишува за разбиените македонски семејства, за нивната голгота. Заеднички труд е втората драматицаија на „Црно Семе“ (првата за филмот ја направил самиот Георгиевски). Овде потписник е Јелена Цветановска.
Сергеј Светозаров – сценографија, Благој Мицевски – костими , Димитар Андоновски – музика, поставија сцена за играта на Мартин Мирчевски, Огнен Дранговски, Васко Мавровски, Никола Стефанов, Петар Спировски, Никола Пројчевски, Хари Михајловски, Александар Стефановски, Петар Горко, Борче Ѓаковски, Живко Борисовски, Марија Цветановска, Александар Димитровски, Александар Копања и Давид Балтовски,Филип Стефановски,Виктор Крстевски,Александар Ѓоргиовски како Грчки војници. Од една страна на претставата е фрустрацијата што ја носат главните ликови како припадници на македонскиот етнос, од друга фасцинацијата за нивната издржливост. По прес конференцијата за претставата, кога и го водевме кусиот разговор со режисерот Андреј Цветановски, тој посочи на една инспиративна човечка карактеристика.
Андреј Цветановски припаѓа на режисерите кои на сцената ја изнесува горката реалност и апсурдите на нашето совремие, а важи за човек кој нема дилема дали треба на сцена да ги постави македонските автори и, можеби многу важно, зошто?
Следните изведби на „Црно Семе“ овој месец се предвидени за 22 и 29 април.













