За изминатите 24 часа до 8 часот изутрина најмногу дожд 21 л/м2 квадратен наврна во Пожаране, 17 Крушево, 15 Тополчани, 12 Охрид, 11 Прилеп, 10 Виница, 7 Битола, 4 Претор, Маврови Анови, 3 Лазарополе, 1 Гевгелија.
Времето во текот на ноќта и утринава беше ведро со мала до умерена облачност поголема во источните делови и со слаб до умерен ветер од северен правец.
Денеска ќе имаме сончево време со мала до умерена локална облачност. Попладне во североисточните и источните претежно планински подрачја ќе има услови за краткотраен дожд и појава на ретки грмежи на југоистокот. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 24 до 32 степени. Во Битола до 27 степени.
УВ индексот 7.












