Утрово 10 степени во Лазарополе, 12 Попова Шапка, 13 Маврови Анови, Крива Паланка, 14 Битола, Тетово, 15 Охрид, Претор, Дебар, Прилеп, Крушево, 16 Куманово, 17 Виница, Велес, Штип, Струмица, 18 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци, Демир Капија, 20 Гевгелија.
Врнежи од дожд имаше во Прилеп каде наврнаа 5 л/м2, 4 во Струмица, Скопје – Зајчев Рид, Пожар – Радовиш, 2 Крушево, 1 Маврови Анови, Велес.
Во текот на ноќта преовладуваше малку до умерено облачно време. Во раните утрински часови во југоисточниот дел од земјата имаше локален пороен дожд со ретки грмежи. Изутринава во централните делови и во дел од Скопската котлина има значителна ниска облачност, а на југоистокот имаше повремен дожд.
Времето денеска претежно сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.
Максималната температура ќе достигне од 27 до 33 степени. Во Битола до 29 степени.












