Времето денеска сончево и многу топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, во јужните делови од јужен, а во северните делови од северен правец. Кон крајот на денот северниот ветер долж Повардарието ќе засилува и ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.
Максималната температура ќе биде во интервал од 35 до 42 степена. Во Битола до 37 степени.
УВ индексот 9.












