Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер, во западните делови од западен, а долж Повардарието од северен правец.
Попладне и во вечерните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град.
Според метео картата на Управата за хидрометеоролошки работи нестабилна облачност во западните, северните и источните делови на земјата.
Дневните температури од 27 до 39 степени, во Битола до 35.













