ТЕРА

REKLAMA???

СОНЧЕВО И ТОПЛО, ВО БИТОЛА ДО 19 СТЕПЕНИ

Утрово -4 степени во Берово, -3 Скопје-Петровец, -2 Битола, Демир Капија, Струмица, -1 Маврови Анови, 0 Тетово, Штип, Гевгелија, 1 Крива Паланка, Охрид, 2 Скопје-Зајчев Рид, Претор, Прилеп, Попова Шапка, 4 Виница, 5 Крушево, 6 Дојран.

Во текот на ноќта времето беше ведро со слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Утрово е сончево со мала локална облачност.

Денеска сончево и релативно топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 23 степени. Во Битола до 19 степени.