Утрово 2 степени во Лазарополе, 4 Берово, Маврови Анови, Попова Шапка, 5 Крива Паланка, 6 Битола, Куманово, 7 Скопје-Петровец, Тетово, Охрид, Претор, Гевгелија, Крушево, 8 Штип, Демир Капија, Струмица, 10 Прилеп, Кавадарци, 11 Виница, 13 Скопје-Зајчев Рид, 14 Велес.
Времето денеска сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Попладне и во вечерните часови ќе има услови за краткотраен локален дожд и појава на ретки грмежи.
Дневната температура ќе биде во интервал од 21 до 29 степени. Во Битола до 23 степени.












