Времето денес сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 22 степена.
Во Битола со максимална дневна температура од 19 степени.
Од УХМР информираат дека за време на викендот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и релативно топло. Во попладневните часови ќе има краткотраен локален дожд со ретки грмежи. Утре ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец. Во понеделник под влијание на нов влажен и постуден бран ќе има врнежи од дожд, на места пообилни, засилен ветер и пад на температурата. На планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег.












