Времето денеска сончево со мала локална облачност. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието повремено силен ветер (до 60 км/час) од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 35 степени. УВ=8.
Во Битола со максимална дневна температура од 31 степени.
Според информациите од УХМР времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието краткотрајно засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 29 до 36 степени.УВ=8.












