Утрово -4 степени во Берово, -1 Лазарополе, 0 Крива Паланка, Струмица, 1 Битола, Штип, Претор, 2 Тетово, Охрид, Прилеп, Гевгелија, Кавадарци, Велес, Попова Шапка, 3 Скопје-Зајчев Рид, Куманово, 4 Демир Капија, Виница, Крушево, Маврови Анови.
Времето денеска сончево со умерена облачност. Во текот на денот ќе има зголемена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а попладне долж Повардарието засилен ветер од јужен правец.
Дневната температура ќе биде во интервал од 14 до 20 степени. Во Битола до 18 степени.












