ТЕРА

REKLAMA???

СОНЧЕВO И ПОТОПЛО, ВО БИТОЛА ДО 23 СТЕПЕНИ

Утрово 1 степен во Берово, 3 Лазарополе, 5 Битола, Струмица, 6 Крива Паланка, Демир Капија, Попова Шапка, Маврови Анови, 7 Скопје-Петровец, Тетово, Претор, Прилеп, Штип, 8 Охрид, Куманово, Велес, Кавадарци, Виница, Дебар, 9 Скопје-Зајчев Рид, Крушево, 10 Гевгелија.

Во текот на ноќта променливо облачно, утрово е сончево и постудено со мала до умерена облачност. Дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Денеска сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе достигне од 20 до 28 степени, во Битола до 23 степени.