ТЕРА

REKLAMA???

СОРАБОТКА НА КИЦ СО УЧИЛИШТАТА ВО БИТОЛА

Во Свечената сала на Офицерскиот дом при ЈОУ КИЦ Битола, се оддржа тркалезна маса насловена:„Поврзаност на образованието, културата и уметноста“ – Воспоставување на соработка во културните дејности со основните и средните училишта во  Општина Битола. 

Пред присутните директори на основните и средни училишта од Битола, директорката на ЈОУ КИЦ, Лили Бошевска  ја презентираше иницијативата, која вклучува тесна соработка на полето на културата и образованието, поддршка на културни иницијативи, копродукција, учество во манифестации, како и програми кои ќе значат градење правилен однос кон уметностите и создавање идна публика и професионалци.

Иницијативата доби општа поддршка од присутните, после што се пристапи кон потпишување на меморандум за соработка.

На овој начин КИЦ Битола ја доближува културата кон младите, покажувајќи активен однос кон нивните потенцијали и потреби. Иницијативата е поддржана од Општина Битола во рамките на програмата за 2023 г.