ТЕРА

REKLAMA???

СОСТОЈБА НА ПАТИШТАТА

Утрово без поголеми проблеми на патиштата. Сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози, со умерен интензитет надвор од градските средини. На граничните премини нема подолги задржувања.

Возачите треба да бидат внимателни поради можност од одрони, особено на делниците Катланово–Велес, Маврово–Дебар–Струга, Виница–Берово и Кочани–Делчево.

За битолчани, на патот Прилеп–Битола и понатаму е во сила времен режим поради изградбата на Коридорот 10Д, со пренасочување на сообраќајот од Лагово до Тополчани.

Кон Охрид има девијации поради градежни работи на патот Кичево–Охрид, додека делницата Мало Коњари–Кривогаштани останува затворена.

На Меџитлија–Ники нема пријавено подолги задржувања од македонска страна.

Возачите се повикуваат на внимателно возење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.