ТЕРА

REKLAMA???

СОСТОЈБА НА ПАТИШТАТА

Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај надвор од населените места е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

За возачите од Пелагонија, актуелно останува пренасочувањето на сообраќајот на патниот правец Прилеп–Битола, поради изградбата на Коридорот 10Д. Возилата се движат по регионалниот пат од клучката Лагово до Тополчани.

На регионалниот пат Прилеп–Крушево–Сладуево, делницата од Мало Коњари до Кривогаштани е целосно затворена поради санација на оштетувањата на коловозот, а сообраќајот се одвива по алтернативна делница.

Времен режим на сообраќај е во сила и на автопатот Кичево–Охрид, на делницата Пресека–Песочан до клучката Арбиново, каде што се врши санација на левиот коловоз.

Времен режим има и на граничниот премин Делчево поради реконструкција, но преминот функционира непрекинато.

АМСМ предупредува на можност од одрони на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, особено на делниците Катланово–Велес, Маврово–Дебар–Струга, Виница–Берово и Кочани–Делчево. Се препорачува внимателно возење и приспособена брзина.

Патниот правец Охрид–Ресен преку Националниот парк Галичица е отворен за сообраќај за возила до 3,5 тони.

Од АМСМ апелираат до возачите да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да бидат особено внимателни на делниците каде што се изведуваат градежни активности.