Виолета Петковска и Јасмина Мановска се две жени кои работат во РЕК Битола на работни места кои обично се поврзуваат со машкиот пол.

Виолета е ракувач на погонска станица. Нејзиното работно место е кабина од неколку метри квадратни од која се следи транспортот на јагленот од рудникот Суводол до Термоелектраната. Оди во смени од по 12 часа. Не пречека со насмевка и тврди дека работата не и е тешка и покрај тоа што работи во не баш лесни околности.

На еден километар од работното место на Виолета, работи нејзината колешка Јасмина Мановска. Нејзината канцеларија е сместена во бараките на Производствената единица Рудници на РЕК Битола.

Виолета тврди дека во досегашното нејзиното работно искуство не се соочила со дискриминација по било која основа.

И Јасмина вели дека досега немала проблеми во врска со било каква дискриминација на работното место.

Виолета и Јасмина се едногласни во пораката до жените: Да ги прифатат сите предизвици и да не се откажуваат од своите желби заради општествени стереотипи кои ги ставаат во подредена положба во однос на мажите.

Од кажаното можеме да заклучиме дека разлика помеѓу „женски“ и „машки“ професии не постои. Двете дами Виолета и Јасмина ги рушат предрасудите кај нас.












