ТЕРА

REKLAMA???

СО ГРУПА ФОНТАНА И ТУРСКАТА ЗВЕЗДА МАТРАЏИ ЌЕ ЗАПОЧНЕ ФЕСТИВАЛОТ МУЗИКА ОД СВЕТОТ

17 години по ред Фестивалот Музика од светот ја претвора Битола во една точка на културна поврзаност и уметничка инспирација. Со овие зборови директорот на Центарот за култура Битола денеска го најави најновото фестивалско издание под мотото „Уметноста на звукот“.

„Тоа не е само фестивал, туку средба на различни култури, јазици и звуци со една иста цел, а тоа е музиката како една основа и универзален јазик на човештвото.“-вели Сашо Илковски, директор на Центарот за култура Битола.

Фестивалот започнува на 27 ноември со концерт на групата Фонтана.

„Фонтана е нашата битолска гордост која 25 години остава на македонската и балканската музичка сцена. Со нив по втор пат е Гамзе Матраџи која е родена во Турција, но нејзините корени се од Велес, Македонија.“-рече Илковски.

„Ќе имаме можност да се претставиме на овој веќе престижен фестивал не само во државни рамки, туку и на меѓународната сцена.-Благојче Трајковски од група Фонтана.

На 28 ноември настапува Тања Царовска со Националната установа Камерен оркестар .
На 29 ноември се Балкан Зоо и Нина Чориќ. Коза Мостра ќе ја исполни музичката програма на 30 ноември, додека на 1 декември настапува Гамазда.

Фестивалот е поддржан од Министерството за култура и туризам и од општина Битола како дел од годишната програма на Центарот за култура Битола.