До утрово до 8 часот најмногу дожд со 28 л/м2 наврна во Охрид, 25 Дебар, 22 Претор, 18 Пожаране, 17 Штип, 14 Маврови Анови, Крива Паланка, Крушево, 13 Битола, 12 Лазарополе, 10 Тополчани, 8 Прилеп, 7 Тетово, Гевгелија, Попова Шапка, 6 Скопје-Зајчев Рид, Демир Капија, 5 Струмица, 3 Берово, Дојран, Ѓуриште.
Променливо облачно, во текот на ноќта во источните, а утрово во југозападните делови со повремени слаби врнежи од дожд.
Времето денеска облачно, посвежо и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни (локално над 20 л/м2 наврнат воден талог), проследени со електрични празнења и со услови за појава на град.
Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 26 степени. Во Битола до 22 степена.












