Вечерва е свеченото отворање на 26-тиот Интернационален фестивал на монодрама, а како што велат организаторите на фестивалот тоа ќе биде обележано со исклучителна уметничка изведба:
„Д (како Дездемона)“ современ танц во кореографија и режија на Рисима Рисимкин.
По премиерата во Скопје, ова е ретка можност да се види претставата и во Битола.
Танц што зборува за тишината, љубовта и судбината на Дездемона од Шекспировиот „Отело“.
Претставата ја отвора програмата на фестивалот и ни претставува уметничка форма која ретко ја гледаме на нашата сцена – современ танц во највисока продукција.
Свеченото отворање на фестивалот е од 20:00 часот на сцената на Народниот театар во Битола.













