ТЕРА

REKLAMA???

СО МИЛАН МИШКОВИЌ ЗА СВЕТСКИОТ ДЕН ПРОТИВ ХЕПАТИТОТ

Речиси 3000 луѓе умираат од хепатитис Б и Ц секој ден во светот, ова е поводoт за денешното интервју со Милан Мишковиќ од Хепар центарот во Битола, посветено на светскиот ден за борба против хепатитот.

Мишковиќ особено го истакнува и проблемот со зголемениот број на црнодробен карцином и вели дека прават напори што поското терапијата за црнодробниот карцином да биде донесена кај нас, со оглед на тоа што дел од терапиите или се завршени или се при крај.

Со него зборуваме и за тоа дали пациентите ја имаат содветната терапија за хепатитот, односно модерната која се применува во светот, како и за соработката со надлежното министерство и другите здравствени институции.

Во рамките на одбележувањето на светскиот ден, Хепар центарот со кампања во повеќе градови во земјава со настани и скрининг програми се спроведуваат во ризични институции.