ТЕРА

REKLAMA???

СО „САМО ГЛАС“ ОТВОРЕН ФЕСТИВАЛОТ НА МОНОДРАМАТА ВО БИТОЛА

Синоќа свечено беше отворен интернационалниот фестивал на монодрамата во Битола со претставата „Само глас“ на МНТ од Скопје.

Во улогите на Таа и Тој играа првенците од ансамблот на Македонскиот народен театар, Звездана Ангеловска и Никола Ристановски, со снимен глас, како и балетанот Мирослав Митрашиновиќ.

Публиката ја поздрави Маја Андоновска Илијевски-директорка на НУ Центар за култура во Битола и организатор на фестивалот, а фестивалот го прогласи за отворен министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска.

Министерство за култура и Општина Битола финансиски го помогнаа одржувањето на фестивалот.

На годинешното издание вкупно ќе бидат изведени монодрами од 11 земји од светот од врвни авторски, режисерски и актерски имиња.

Претставите ќе се играат на неколку различни сцени низ Битола и тоа во големата сала на Народниот тетар, во големата сала на Центарот за култура, во сцената под ротација, новата сцена.

Денеска е слободен ден на фестивалот, а утре на програмата се:

16 мај, понеделник

20:00ч.   Голема Сцена на Центар за култура 

Театар „Морузгва“ Загреб, Хрватска

„ ВЛА ВЛА  ВЛАВАЈЛАНД КАБАРЕ“

Автор и режисер Иван Лео Лемо

Актер Еција Ојданиќ

22:00 ч. Сцена под ротација

Независен проект во копродукција АВАНГАРТ –Скопје, Македонија  „КРИК“

Авторски проект на Енџи Николоска, базиран на текстови од Франка Раме, Ана Исаковиќ, Миња Боговац, вистински приказни и архиви