По повод Денот на жената 8-ми Март, за прв пат се организира активност на идеја на Ленче Василевска и Ана Белимачевска кои се со потекло од с.Маловишта со цел да се покаже внимание на мајките и бабите кои се жители од селото. Со цвеќе и песна најмладите им го честитаа празникот.
Одејќи од куќа во куќа најмладите кои го изучуваат влашкиот јазик со цвеќе им го честитаа празникот на мајките и бабите во с. Маловишта. Целта на овај настан како што велат организаторите е да им се оддаде почит на мајките и бабите како чувари на влашкиот јазик и традицијата и како таа ја пренесуваат на помладите генерации.
Во одбележувањето на настанот се вклучија учениците кои го изучуваат предметот „Јазик и култура на Власите“ од повеќе основни училишата од Битола со наставничката Моника Дервановска. Во чест на празникот децата со свои лични изработки, честитки и песна им го честитаа денот 8-ми Март на сите припаднички од понежниот пол.
Организаторите искажаа благодарност до сите оние кои помогнаа да се реализира овај настан и посакаа ваквиот начин на одбележување да стане традиција.




















