Полицијата во Њујорк трага по напаѓачот кој активира две чaдни бомби и отвори оган во преполниот вагон на метрото, при што се повредени најмалку 20 луѓе. Напаѓачот веднаш побегнал од местото на злосторството и се претпоставува дека сам дејствувал, а мотивот сè уште е непознат.

Десет лица се директно погодени од огнено оружје, а петмина се во критична, но стабилна состојба.

Полицијата соопшти дека тој испукал 33 куршуми од полуавтоматски пиштол Глок калибар девет милиметри, што подоцна бил пронајден заедно со три шаржери муниција, секира и канта бензин.












