ТЕРА

REKLAMA???

СПОРЕД СЗО ПАНДЕМИЈАТА Е ДАЛЕКУ ОД ЗАВРШЕНА

Комитетот на Светската здравствена организација за вонредни прашања едногласно оцени дека не е време да се „спушти гардот“ пред пандемијата на ковид-19, изјави претседателот на Комитетот, Дидие Хусин, наведувајќи дека ситуацијата со пандемијата Ковид-19 е далеку од завршена.

Сепак, сѐ поголем број земји ги укинаа сите или дел од здравствените ограничувања наметнати за борба против вирусот.

Според последниот неделен извештај на СЗО за епидемиолошката состојба, објавен во вторникот, бројот на заболени од ковид-19 продолжува да опаѓа трета последователна недела, за 24 насто од 4 до 10 април во споредба со претходната недела.

Бројот на починати, исто така, падна за 18 насто во однос на претходната недела.