Противпожарните екипи успеаја да го стават под контрола шумскиот пожар што избувна во турската туристичка област Мармарис.

Пожарот од се уште непозната причина избувнал во шумскиот предел во Турунц, а поради ветерот брзо се проширил и стигнал до објектите.
Противпожарните единици брзо реагираа и при гаснењето на пожарот употребија противпожарни хеликоптери.

Гувернерот на Мугла, Орган Тавли соопшти дека пожарот е ставен под контрола и дека пожарникарите продолжуваат со гаснењето на пожарот кој повеќе не се заканува да се прошири.
Тавли рече дека во пожарот нема настрадани.
Пожарот го зафатил и во голема мера го оштетил хотелот на Универзитетот „Ситки Кочман“ во Мугла, а спасувачките екипи навремено ги евакуирале луѓето од зградата. Изгорени се и поголем број автомобили.












