ТЕРА

REKLAMA???

СТЕВАНОВСКИ И ОВАА ГОДИНА ОБЕЗБЕДИ ТАБЛЕТИ ЗА СИТЕ ЧЕТВРТООДДЕЛЕНЦИ

И оваа година, по иницијатива на градоначалникот Стевче Стевановски и Советот на Општина Новаци, на учениците од четврто одделение при ОУ „Славко Лумбарковски“ – Новаци им беа доделени таблети.

„Оваа поддршка има за цел да им овозможи непречено следење на наставата во согласност со новата концепција за основно образование. Практиката на обезбедување таблети за учениците се спроведува веќе четврта година по ред, што е уште еден доказ за континуираната посветеност на општината кон образованието. Општина Новаци останува посветена на унапредувањето на образовниот процес и создавање подобри услови за учениците. Современото образование бара дигитализација и модернизација, а токму ваквите иницијативи придонесуваат за градење на капацитети кои ќе им помогнат на младите генерации успешно да се соочат со предизвиците на иднината“ вели градоначалникот на Новаци.

Фото: Општина Новаци