ТЕРА

REKLAMA???

СТОЛТЕНБЕРГ ПРЕДУПРЕДИ ДЕКА БАХМУТ МОЖЕ ДА ПАДНЕ ВО РАЦЕ НА РУСИТЕ

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, предупреди дека по неколкумесечните интензивни борби, градот Бахмут во Источна Украина би можел да падне во рацете на Русија во наредните денови.

Неговите коментари дојдоа откако руската паравоена група „Вагнер“, која го предводи нападот на Бахмут, објави дека го освоила источниот брег на градот уништен во најдолгата битка од руската инвазија на Украина.

Шефот на „Вагнер“ и сојузник на Кремљ, Евгениј Пригожин, денеска објави дека неговите сили го зазеле целиот источен дел на Бахмут.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за американската СНН рече дека неговите вооружени сили се решени да останат во Бахмут, но предупреди што може да се случи доколку градот падне во рацете на Русија.