ТЕРА

REKLAMA???

Столтенберг: Ќе распоредиме 40.000 војници во источниот дел на НАТО

Лидерите на НАТО се согласија да ја зајакнат одбраната во Источна Европа како одговор на руската инвазија на Украина.

„Ги активиравме одбранбените планови на НАТО и ги активиравме елементите на силите за одговор на НАТО и распоредивме 40.000 војници во источниот дел на НАТО“, се вели во заедничката изјава на лидерите на алијансата по самитот во Брисел.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг претходно изјави дека четири нови борбени групи ќе бидат испратени во Словачка, Унгарија, Бугарија и Романија.

Лидерите на 30 членки на НАТО се договорија и да и испорачаат и дополнителна помош на Украина и тоа во воена помош, медицинска опрема, како и заштита и обука за справување со биолошко и хемиско оружје, но НАТО, како што рече Столтнеберг ќе напраи се да не влезе во тотална војна со Русија, меѓу другото оговарајаќи на барањето на Полска за испраќање на НАТО мировници во Украина.

Лидерите на НАТО денес одлучија да му го продолжат мандатот на генералниот секретар на воениот блок Јенс Столтенберг за една година поради безбедносната криза поттикната од руската инвазија на Украина.