ТЕРА

REKLAMA???

СТРАНСКИ ТУРИСТИ ИМА, ОХРИД ГИ ОЧЕКУВА И ДОМАШНИТЕ

Велат полека почнува туристичката сезона во Охрид. Сегоја година стартот е накаде први- втори јули и трае до кај дваесети август.

И сега има туристи, но главно од странство. Едни со бродови, оние кои се организирани во поголеми групи го крстарат Охридското езеро, други пак индивидувално најчлесто си изнајмуваат катамарани или понтони за уживање во езерото.

Короната помина, а остави свои последици и врз туризмот, сега економската и енергетската криза исто така се удар и за туризмот. Но, како што вели нашиот соговорник се нуди и луксуз. 

Како на се, така поскаување има и кај нивната услуга. Коментарите од секогаш, па и оваа година се дека било скапо. А велат сите сме свесни за состојбата во која се наоѓаме и ние и Европа и светот.

Вели дека 12 години се на овој пазар, а тие се задоволни оти и туристите биле задоволно од турите што ги организираат.

Пристаништето во Охрид е полно со туристи кои чекаат за својата тука, ги има и низ старата чаршија. Со стартот и на годишните одмори, се очекува и зголемен број на домашни туристи во македонскиот бисер.