ТЕРА

REKLAMA???

„ТАЖЕН КРАЈ” – НОВА ПЕСНА НА АРТИСТ БЕНД

По успешните музички проекти „Ѕвездо моја”, „После тебе” и „Моја посебна”,  Артист Бенд продолжуваат да ја збогатуваат македонската музичка сцена. Овој пат, тие пред публиката го претставуваат нивниот најнов, четврти по ред сингл насловен „Тажен крај”, комплетиран со одличен визуелен запис.

Новата песна носи силна емотивна тежина и раскажува приказна со која многумина можат да се поистоветат. „Тажен крај” зборува за човек кој се соочува со раскин – крај кој другата страна го изговара лесно, но остава тешки последици врз оној кој сè уште сака. И покрај разделбата, протагонистот се бори со силните емоции кои не може да ги избрише, иако знае дека треба да продолжи понатаму. Низ стиховите се провлекува болката, но и искрената желба барем уште еднаш да ја види саканата личност среќна, помирувајќи се со суровата реалност дека за вистинска љубов сепак се потребни двајца, а тој останал сам.

Со „Тажен крај”, Артист Бенд уште еднаш докажуваат дека остануваат доследни на квалитетниот звук и искрената емоција. Погледнете го видеоспотот и слушнете ја новата песна во продолжение:

https://www.youtube.com/watch?v=Vt5-pGFcqtQ