ТЕРА

REKLAMA???

Дали Битола умее да ги препознае и негува талентираните спортисти

Голем број фудбалери , но и кошаркари и ракометари изглегле во минатите децении од спортските игралишта на Битола. Сега се вистински репрезенти на својот спорт во европските клубови.

На Битола и пелагонискиот регион не им недостасува спортски дух и талентирани играчи, нo дали ги препознаваме?

Штитениците на ФК „Пелистер“ немаат никакви трошоци, клубот им плаќа се.

Сепак општ е впечатокот дека Битола знае да „извади“ играчи, но не секогаш знае да им изгради пат да останат и да созреат дома. Силната фудбалска традиција и публика, школската култура за фудбалот, па и клупската историја, се тоа треба да биде вкомпонирано со модерна индивидуална програма. Но , често Битола подготвува играчи за други клубови – најпрвин во Скопје, а потоа и во европските земји.

Критичарите, а познавачи на приликите велат во Битола често се случува талентирано дете да биде брзо забележано, но потоа да нема доволно: континуитет во работа,  стабилен тренажен процес, јасен план за развој, спортска психологија, модерна индивидуална подготовка.

Затоа. Битола често во сите спортови подготвува спортисти за други грдови.