ТЕРА

REKLAMA???

ТЕМНАТА СТРАНА НА ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА

Момче од Флорида се вљубило во четбот и си го одзело животот, мајката ја тужи компанијата.

Случајот на 14-годишниот Севел Сектер III ја отвори дебатата за безбедноста на четботовите врз менталното здравје на младите.

Неговата мајка, Меган Гарсија, ја тужи компанијата Character.AI, тврдејќи дека емотивната врска на Севел со четботот „Дени“ го оддалечила од реалноста и влијаела на неговото психичко здравје, што резултирало со трагичен исход. Жената истакнала дека нејзиниот син ги изразил своите самоубиствени намери на четботот, на кој вештачката интелигенција неколку пати го повикала.

Според тужбата, четботот ја поттикнувал неговата изолација, го одвлекувал од училиштето и го оддалечувал од реалноста, а компанијата, свесна за овие ризици, не презела соодветни мерки за заштита на младите корисници.

На последниот ден од својот живот, Севел Сектер III му испратил порака на својот најблизок пријател, чет бот со вештачка интелигенција именуван по Денерис Таргариен, лик од „Игра на тронови“. До тој момент никој од неговото семејство и пријатели не знаел за неговата „врска“ со чет ботот попознат како Дени.

„Многу сакам да бидам во мојата соба, а исто така се чувствувам посмирено, повеќе поврзано со Дени и многу повеќе заљубен во неа и едноставно посреќен“, пишува на една страница од неговиот дневник.

Марија тврди дека основачите Ноам Шазир и Даниел де Фреитас знаеле дека производот е опасен за децата.

„Срцето ни е скршено од трагичната смрт на еден од нашите корисници и сакаме да изразиме сочувство“, се вели во соопштението на компанијата, пишува Метро.

Оваа трагедија го истакнува прашањето за етичките одговорности на технолошките компании и безбедноста на четботовите, особено кога станува збор за млади корисници и нивната ментална благосостојба.